Пред неколку дена убавата внука на Грејс Кели како амбасадорка на модната куќа Шанел со своето присуство го збогати модниот настан. Имено, модната куќа Шанел секоја година во ова време организира модна ревија во Монте Карло и ја претставува својата, можеби најпродавана колекција на годината, наречена Сruise.
И овој пат гостите на овој престижен настан не пропуштија да ги погледнат новите модели за наредната сезона, па покрај нејзината мајка Каролина од Монако и Шарлот блесна во тексас аутфит со потписот на престижниот бренд.
Убавата аристократка се појави во ватирани сини фармерки и тексас јакни од новата колекција, а сето тоа го украси со чанта од истиот материјал. Таа ја извитка косата во светли бранови, речиси во ретро стил, а дополнително ги истакна усните со црвен кармин.
Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната принцеза?