Дали некогаш сте посакале да има нешто што можете да направите за повеќе да ѝ се допаднете на колешката, свекрвата или дури и на симпатијата?
Кимберли Мофит, експерт за односи, откри четири трикови кои можат да ви помогнат да освоите некого.
Мора да ѝ одолеете на желбата да бегате од таа личност
Кога луѓето знаат дека некој не ги сака, природно ги избегнуваат. Иако ова е сосема нормална работа, Мофит инсистираше да не го правите тоа. Наместо тоа, обидете се често да контактирате со таа личност.
„Разговарајте со таа личност, бидете отворени и позитивни и обидете се да го правите тоа што е можно почесто“, предложи таа.
Прашајте ја таа личност за совет
Кога барате совет од некоја личност, вие ѝ покажувате дека верувате во нејзиното расудување, дека нејзиното мислење е важно за вас и дека мислите дека таа личност е интелигентна.
Ова позитивно влијае на нејзиното его и ја прави природно посочувствителна и веројатно ќе сака да биде во тек за да го слушне епилогот од приказната за која сте побарале совет од неа.
Воведете ја таа личност во вашиот живот
Разговарајте за вашиот живот, покажете се во позитивно светло и оставете впечаток на искрена и добронамерна личност. Тоа можете да го направите со кажување анегдоти за вашето семејство и пријатели, што автоматски ќе ве направи подопадливи.
Не се откажувајте
„Колку и да ви е тешко – не се откажувајте“, вели таа.
Имено, Кимберли тврди дека се потребни осум средби со некого за да се промени мислењето на таа личност за вас.
Значи, ако првите неколку обиди не успеат, продолжете да се обидувате – бидејќи на крајот од тунелот има светлина.