Извори блиски до кралското семејство изјавија за новинарите на The Mirror дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се надеваат дека ќе го променат официјалниот протокол.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе го направат тоа со користење на лични имиња наместо титули во официјалната комуникација.
Според The Mirror, двојката сака да ја модернизира монархијата и да ја направи подостапна за обичните луѓе. Моментално им се обраќаат со војводата и војвотката од Кембриџ, но нивната желба, според британскиот таблоид, е официјално да им се обратат со Кејт и Вилијам.
„Тие сакаат да бидат попристапни, помалку формални, помалку ригидни и сакаат да прекинат со некои елементи од традицијата“, изјави неименуван извор за The Mirror.
Тој исто така истакна дека Вилијам и Кејт дошле до желба за овие промени по турнејата на Карибите, која изгледала премногу формална и застарена, „не била во склад со денешното време“. Вилијам еден ден ќе стане крал, па се шпекулира дека неговиот мотив би можел да биде тоа што сака монархијата да ги одразува неговите модерни вредности.