Она што го кажа предизвика ЛАВИНА ЕМОЦИИ: Се огласи вереникот на Бритни Спирс на социјалните мрежи

popara18 мај, 20221min00
327699_profimedia0356512733_ff

Познатата пејачка Бритни Спирс и нејзиниот вереник Сем Асгари пред само неколку дена во јавноста објавија дека го загубила бебето.

Оваа вест ја шокираше целата јавност, особено младиот пар кој со нетрпение го очекуваше проширувањето на семејството и раѓањето на бебето.

Откако Бритни ја објави лошата вест, сега Сем реши да се огласи во оваа прилика. Она што го напиша омекна многумина и донесе нова надеж.

– Ја чувствуваме вашата поддршка. Ги гледаме работите позитивно и одиме напред во иднината. Тешко е, но не сме сами. Ви благодариме што ја почитувате нашата приватност. Наскоро ќе го прошириме семејството – напиша Асгари.

Да потсетиме, Бритни на својот Инстаграм профил на 14 мај ја објави следнава содржина:

– Со голема болка објавуваме дека го загубивме нашето бебе, нашето чудо во раните месеци од бременоста. Ова е ужасен момент за секој родител. Можеби требаше да почекаме пред да се објави бременоста, но бевме премногу возбудени. Љубовта што ја чувствуваме еден за друг е нашата сила. Ќе продолжиме да работиме на проширување на нашето прекрасно семејство. Благодарни сме за сета ваша поддршка. Бараме приватност во овој тежок момент.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma