Израстокот се појавува приближно две недели по фарбањето на косата. Повеќето дами веднаш прибегнуваат кон повторно боење, што може да има исклучително лошо влијание на косата
Наместо тоа, постојат два едноставни трикови со кои можете да го камуфлирате израстокот, а со тоа да го одложите фарбањето за некое време.
За кој трик ќе се одлучите зависи само од бојата на вашата коса.
Посветол раст
Ако сте ја обоиле косата за нијанса потемна од вашата природна, тогаш сенката за очи може да ви помогне, по можност што е можно повеќе слична на бојадисаната коса. Нанесете ја сенката на темето со широка четка и покријте го израстокот на некое време.
Потемен раст
Доколку, пак, сте ја обоиле косата за нијанса посветла од природната, бебешката пудра може да ви помогне. Покрај пудра, добро решение може да биде и шампонот за сува коса. Како и во претходниот случај, нанесете го материјалот на косата со широка четка, како онаа за руменило.
Дополнителен совет
Можете да најдете и специјални препарати за прикривање на израстоци во форма на спреј, или како маскара. Се произведуваат во различни нијанси, а го покриваат израстокот до следното миење на косата.
Покрај тоа, можете да направите прелив на фризер, а со тоа да го одложите фарбањето.