Како што се наведува, тоа е второто најплатено дело во историјата на Виенскиот Доротеум
Оригиналното Тицијаново платно на Покајничка Магдалена, создадено околу 1560 година, е продадено на аукција за 4,1 милиони евра, со даноци од околу пет милиони, пишува „РТС“.
Како што се наведува, тоа е второто најплатено дело во историјата на Виенскиот Доротеум.
Првиот сопственик на оваа Тицијанова слика бил хабсбуршкиот император Рудолф II, втор шведската кралица Кристина, после нив следува долга низа кардинали, принцови и благородници од Италија, Франција и Велика Британија.
– Иконографски, оваа слика е необична. Очигледно е многу сензуална, иако искушението и покајанието се во преден план, бидејќи нема искупување без искушение. Черепот во долниот агол е симбол на „memento mori“. Комбинацијата на украсни и религиозни мотиви го принудува набљудувачот да застане и да размислува – изјави Марк Мекдонел, кустос на Доротеумот за стари мајстори.