Денес таа е главна тема на сите светски медиуми
Доволно беше само да го посети славниот татко на снимањето на филмот кој моментално го снима и денес сите да пишуваат за неа.
Силвестер Сталоне од бракот со сопругата Џенифер има 3 ќерки кои пораснаа во вистински убавици, а се чини дека Софија (25) моментално и е најинтересна на јавноста.
Убавината дефинитивно ја наследила од нејзината мајка, која е поранешен модел. Студирала комуникации на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а многумина шпекулираат дека наскоро ќе се појави на големото платно.
Папараците ја „уловиле“ вчера во Њујорк, каде дошла да го посети својот татко.
Таа за оваа пригода избра светло сини тесни фармерки, како и тесна сива маичка. Ја пушти косата лежерно да и паѓа, а не претерува со шминката.
Таа дефинитивно е поборник за природниот изглед, за разлика од Силвестер и Џенифер кои се редовни гости на естетската клиника.
„Природна убавица, младите девојки треба да се угледаат на неа“, „Гледајте и учете девојки. Природниот изглед е секогаш подобар од естетските корекции кои се популарни денес“, „Таа е прекрасна!“, може да се прочита на социјалните мрежи.