Лесен трик како да ги отстраните дамките и да ја вратите мекоста на перниците: Ќе изгледа како штотуку да сте ги купиле

popara19 мај, 20221min00
jastuk-posteljina-830x0

Жолтите дамки кои често може да се забележат на перниците се резултат на пот и легнување веднаш по капењето.

Белите перници често ја менуваат бојата, без оглед на редовното менување на навлаките. Најчеста причина е потта; колку повеќе некој се поти, толку повеќе влагата продира низ навлаката во перницата, оставајќи грди жолти дамки.

Покрај потта, виновникот за појавата на дамки на перницата може да биде и косата, особено ако легнете со мокра или влажна коса.

Непишано правило е дека перниците треба да се менуваат барем еднаш годишно, дури и ако навидум не ја промениле многу формата. Исто така, уште едно правило кое треба да го следите е перењето на перниците четири пати годишно.

Користете половина чаша боракс и половина чаша белило за да ги отстраните жолтите дамки. Во леген истурете боракс и избелувач, додадете малку обичен прашок за перење, ставете ја перницата и налијте вода, па оставете ја перницата да отстои еден час.

Потоа измијте ја, исцедете ја од водата, па ставете во машина за перење со две тениски топчиња и измијте ја на вообичаен начин, на температура предвидена за перење перници.

Мешавината од боракс, белило и детергент за перење ќе ги отстрани дамките, а перењето на перницата во барабанот заедно со тениски топчиња ќе спречи лепење на влакната во перницата, па ќе трае подолго и ќе биде поудобна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma