„Да го имам влијанието на татко ми беше прекрасна крива на учење“, рече Џејк Бон Џови
Синот на Џон Бон Џови, Џејк Бонџови (20) не планира да ги следи стапките на својот татко, фронтменот на групата Бон Џови.
Наместо тоа, ова младо момче има намера да продолжи да ја гради својата актерска кариера, потврди тој за магазинот „Man About Town“.
На прашањето дали му се допаѓа музичката кариера, тој рекол:
„Мислам дека ќе му го оставам тоа на татко ми“, рекол Џејк и додал:
– Дома додека растевме секогаш се свиреше музика, сите различни видови жанрови. Но, она што ми го кажуваа беа луѓето на екранот, а не гласовите од звучниците – изјави синот на Џон Бон Џови.
Џејк, кој се забавува со актерката од „Stranger Things“, Мили Боби Браун (18), вели дека искуството на татко му во индустријата му било од голема корист.
– Да се има влијанието на татко ми беше прекрасна крива на учење. Прекрасно е да се слушне директно од изворот во прво лице, неговото искуство доаѓа преку уметничкото изразување – вели синот на музичарот и додава:
– Сè додека можете да го имате својот идентитет – кој сте и што првично сте имале намера да направите – и да го одржувате силен, тоа е целта – рекол Џејк, според Дејли мејл.
Инаку, глумеше и самиот Џон Бон Џови, а имаше улоги во филмовите „Moonlight“ и „The Leading Man“.
Џејк, кој се пресели од Лондон во Њујорк за да се занимава со глума, рече:
– Она што го споделувам со татко ми е нашата љубов кон филмовите – пишува „Дејли мејл“.
Покрај Џејк, Џон Бон Џови ги има и синовите Џеси (25) и Ромео (16), како и ќерката Стефани (28) со сопругата Доротеа Харли (59).
Музичарот ја запознал Доротеа во 1980 година додека одел во средно училиште во Њу Џерси.