Додека Канје Вест се обидува да и го уништи животот со разни малверзации и интриги, Ким Кардашијан живее како тоа воопшто да не ја допира.
Ким Кардашијан (41) е платинеста русокоса, а ние сме воодушевени од нејзиниот изглед. Папараците ја фотографираа Кардашијанката додека ставала гориво во нејзиното сребрено Лаборгини. Во таа прилика таа беше вистинското олицетворение на американскиот сон: русокоса, со заносни облини…
Облечена во костим за капење (?!) на модниот бренд „Balеnciaga“, Ким ги мамеше воздишките на околината. Во оваа прилика едноделниот костим за капење послужи како боди, додека Ким носеше и искинати фармерки со широк крој. На нозете носеше високи потпетици кои придонесоа за нејзиниот гламурозен изглед.
Платинестата коса остана по подготовките за Мет Галата, а Ким изјави дека не планира наскоро да се врати на потемните нијанси, сега кога едвај го постигна платинестиот изглед на косата.
Како ви се допаѓа модниот стил на Ким Кардашијан?