Секогаш сакаме на природен начин да му помогнеме на организмот, да внесуваме доволно витамини и да елиминираме одредени проблеми, а често решението лежи во природата, покрај, секако, редовните лекови кои ги пиеме.
Рибизлата заслужува големо внимание поради својата ризница на витамини и минерали, и содржи најмногу витамин Ц.
Сокот од црвена рибизла содржи многу витамин Е кој му помага на телото да ја апсорбира аскорбинската киселина, содржи каротин и витамин Б. Она што изненадува е што количината на витамин Е во рибизлата е поголема од содржината на овој витамин во сите други овошја.
Покрај сето ова, ова овошје е богато и со калиум, калциум, железо, фосфор и магнезиум. Благодарение на сето ова ја ублажува главоболката, го поттикнува апетитот, го зајакнува имунитетот, го забрзува метаболизмот.
Има неверојатно дејство на крвните садови, го подобрува составот на крвта и ја нормализира функцијата на црниот дроб, како и крвниот притисок.
Посебно е важна за луѓето кои боледуваат од мултиплекс склероза бидејќи има силно антисклеротично дејство, а погодна е и во борбата против отокот.
Со своите лековити својства, рибизлата заслужува секој ден да се консумира.
Сокот од црвена рибизла се прави многу едноставно и не мора да се готви.
Ви треба:
1 кг црвени рибизли
1 лажица сок од лимон
1 кг шеќер
750 ml вода
Изгмечете ги рибизлите и во добиената смеса додајте го сокот од лимон, покријте и оставете да отстои 24 часа. Потоа додадете шеќер и вода, промешајте и процедете низ газа. Добиениот напиток сипете го во шишиња кои херметички ќе ги затворите и чувате во фрижидер.
Најдобар ефект ќе постигнете, особено кога станува збор за намалување на крвниот притисок и спречување на атеросклероза, ако измешате сок од рибизла и мед во сооднос 1:2. Луѓето кои преживеале срцев удар или имаат згрутчување на крвта треба да избегнуваат секојдневно консумирање сок од рибизла или други негови мешавини.