Се за гледаноста: Крис Рок можно е повторно да биде домаќин на следните доделувања на Оскарите и по инцидентот со Вил Смит

popara20 мај, 20221min00
vil-smit-i-kris-rok-830x0

Крис Рок би сакал повторно да биде домаќин на Оскарите во 2023 година, откако доби шлаканица од Вил Смит на годинешната церемонија, објави ABC.

Овогодинешното доделување на наградите го одбележа инцидент, бидејќи Смит скокна на сцената и му удри шлаканица на комичарот откако се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.

Церемонијата ќе се емитува на ABC следната година, а Смит нема да биде присутен, бидејќи по инцидентот доби забрана за учество во настаните на Академијата во следните 10 години.

Во интервју за „Deadline“, претседателот на ABC, Крег Ервич, рече дека наградите за 2022 година беа „навистина успешни“ и покрај шлаканицата.

Ервиќ, исто така, рече дека е отворен за идејата Рок да биде домаќин на наградата следната година, бидејќи тоа може да ја зголеми гледаноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma