Не ги игнорирајте сигналите: Како да разликувате анксиозност од депресија

popara4 јули, 20241min00
Screenshot_5

Двата поими кои веројатно ги слушаме и среќаваме секојдневно, а ретко кој ја знае границата и разликата.

 

 

Дали сте анксиозни или депресивни? А, можеби ниту едното, ниту другото, туку само минувате низ тешка моментална ситуација?

 

Иако и двете состојби се третираат како нарушување на менталното здравје, сепак двете се комплетно различни по интензитет и по симптомите.

 

Како да разликувате анксиозност од депресија?

 

Карактеристики на анксиозноста:

 

  • Грижа и нервоза поврзана со иднината и претпоставки околу тоа што може да се случи во иднина.
  • Редовни мисли за работите кои може да тргнат наопаку.
  • Чувство како да сакате да избегате од ситуацијата.
  • Нема суицидални мисли.
  • Но, има симптоми како тресење, потење и потреба физички да се напушти просторот.
  • Води до изолација или избегнување на работата или луѓето.
  • Потешкотии при заспивање и недостаток на концентрација.
  • Нема потреба од себе-повредување или деструктивно однесување.
  • Примарно се карактеризира со страв.

 

Карактеристики на депресијата:

 

  • Чувство на изразена тага кога размислувате за животот во сегашноста или иднината.
  • Недостаток на мисли кои вклучуваат барем мал процент на надеж и оптимизам.
  • Свесност дека се случува нешто негативно, но недостаток на желба нешто да се преземе.
  • Можни се суидицални мисли.
  • Недостаток на енергија и мотивација да се преземе нешто.
  • Губење на интерес за повеќето активности во текот на денот.
  • Нагли осцилации со премалку или премногу спиење, за разлика од останатите денови.
  • Можни се нагони за себе-повредување и деструктивно однесување.
  • Примарно се карактеризира со долгорочна тага.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag