Поп ѕвездата Ријана беше фотографирана за прв пат откако се породи минатата недела и го роди своето прво дете со раперот ASAP Rocky.
Имено, 34-годишната пејачка беше фотографирана лежерно облечена во широк дуксер и панталони додека се шета низ Западен Холивуд во средата, а по веста за нејзиното раѓање, на 13 мај.
И покрај тоа што се породи пред седум дена, Ријана изгледаше прекрасно и стилски како и секогаш.
Косата ја врза во пунџа, а комплетната комбинација ја заокружи со дизајнерски и златен накит околу вратот.
Она што многумина ги изненади е тоа што пејачката овој пат дури и премногу се облекла, со оглед на тоа што за време на бременоста и зимските денови најмногу се шетала гола покажувајќи го трудничкиот стомак, поради што речиси секое нејзино појавување го привлекува вниманието на медиумите и јавноста.
Да потсетиме, пејачката Ријана се породи и го роди своето прво дете, машко, пренесуваат странските медиуми.
Според „TMZ“, синот на ѕвездата е роден на 13 мај, во целосна тајност, во Лос Анџелес.
Името кое Ријана и раперот Асап Роки го избраа за свој наследник се уште не ѝ е познато на јавноста. Последен пат е видена во јавноста на 9 мај, кога со својот избраник излегла на вечера за Денот на мајката.