Од истото тесто кое е едноставно, лесно и брзо, отсега можете да правите кифлички и мекици.
Ова тесто е идеално бидејќи може да се направи и да се стави во фрижидер, а потоа да се користи кога ви треба. За неговата подготовка не е потребно посебно знаење, а повеќето состојки веќе ги имате во кујната.
Може да се користи за правење кифлички, но и мекици, колачи, крофни. Почестете го вашето семејство со прекрасни миризливи колачи и уживајте.
Состојки:
1/2 литар млеко
1 лажичка сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажица брашно
2 јајца
2 dcl јогурт
1 лажичка сол
1 кг брашно
Подготовка:
Растворете го квасецот во млекото, а потоа додадете ги шеќерот и брашното. Промешајте, покријте и оставете околу 20 минути. Потоа се додаваат јајцата, јогуртот, солта и постепено се додава брашното.
Замесете тесто, па поделете го на 8 дела. Секое парче ставете го во најлонска кеса, па ставете го во фрижидер околу 2 часа.
После тоа можете да направите солени или слатки пецива, а тоа што останало можете да го чувате во фрижидер 5 дена.