Пејачката Тејлор Свифт во средата стана почесен доктор по ликовни уметности на Универзитетот во Њујорк. Претставниците на овој универзитет ја опишаа Свифт како „една од најуспешните и најпознатите уметници на нејзината генерација“. Таа имаше можност да го одржи и овогодинешниот воведен говор на стадионот Јенки.
Обраќајќи им се на студентите од генерацијата 2022 година на Универзитетот во Њујорк, пејачката Тејлор Свифт одржа говор и даде корисни совети за сите дипломирани студенти.
Тејлор им кажа на матурантите дека нејзините признанија се навистина резултат на нешто друго: повеќекратно одбивање. Свифт рече дека поради тие тажни моменти – во нејзиниот личен и професионален живот – се чувствувала безнадежно осамена додека растела, почнувајќи од многу рана возраст.
Како дете, вели таа, била тешко повредена откако не била повикана да преноќи кај другарка. Таа се сети дека на 13-годишна возраст контактирала со музички директори и ѝ кажале дека „само 35-годишни домаќинки слушаат кантри музика“.
Нејзините одговори на тие моменти беа елоквентни. Сама во својата соба, рече таа, пишувала песни што ќе ја однесат на друго место. Таа ги објавувала на „MySpace“ и се поврзувала со други тинејџерски фанови на кантри онлајн.
Упорноста и работата на себе, но пред се вербата се исплатела во нејзиниот случај. Првиот договор го потпиша на 15-годишна возраст, а првиот студиски албум го издаде во 2006 година на 16-годишна возраст. Нејзиниот следен албум „Fearless“ освои четири Греми, вклучувајќи го и албумот на годината, во 2010 година.
Осврнувајќи се на нејзината блескава кариера на почетокот на својот говор, таа додаде:
– Последен пат бев на стадион со оваа големина, танцував во високи потпетици и носев светкави трико. Оваа облека е многу поудобна.
Свифт им се заблагодари на нејзините родители и братот Остин за поддршката на нејзините соништа и ги покани сите други дипломци да ја покажат својата благодарност до сите што им помогнаа на нивниот пат кон успехот.
Таа ги охрабри учениците да размислуваат за оној кој се грижел за нив како дете и предложи студентите да смислат начин како да и се заблагодарат на таа личност – да ја најдат во толпата и да и се заблагодарат лично и секогаш да ја имаат на ум.
Суперѕвездата исто така скромно се пошегува за време на нејзиниот говор, велејќи:
– 90 отсто сум сигурна дека сум поканета само затоа што имам песна наречена „22“.
Поранешните добитници на почесни докторати на NYU се поранешниот претседател Бил Клинтон, активистот за граѓански права Џон Луис, 18-кратната добитничка на Греми Арета Френклин и актерот Били Кристал, кој исто така дипломирал на Одделот за уметност.