Брзо и ефикасно решение
Кога станува збор за чистење на домот, повеќето домаќинки и даваат приоритет на бањата и најчесто почнуваат со неа. Иако хигиената во бањата е многу важна, самата помисла на бигорот и дамките предизвикуваат главоболка.
Бигорот е сериозен проблем во речиси секое домаќинство и поради него домаќинките трошат големи суми на разни хемикалии кои, во најголем број случаи, немаат целосен ефект.
За среќа, постојат природни средства за чистење кои можете да ги направите сами дома.
Се што ви треба се:
1 чаша сода бикарбона
¼ чаша дехидрирана лимонска киселина
5 капки етерично масло
Вода
Во сад измешајте сода бикарбона, лимонска киселина и етерично масло. Додадете малку вода за да се соединат сите состојки. Добиената смеса ставете ја во калапи за коцки мраз и оставете да се исуши.
Кога ќе се исушат коцките извадете ги и ставете ги во стаклена тегла. Потоа ставете ги во школката и гледајте како ја вршат целата валкана работа за вас.