Изгледајте како Џенифер Лопез: Пет трикови за шминкање кои ќе направат да заблескате

popara21 мај, 20221min00
Screenshot 2022-05-21 141356

Често се зборува дека Џенифер Лопез ја пронашла тајната на вечната младост: се чини дека пејачката воопшто не се менува со годините. Главната тајна на нејзината убавина е совршено мазната и сјајна кожа.

Иако првата асоцијација со Џенифер Лопез е нејзиното тело во облик на песочен часовник, она што на сите им го привлекува вниманието е нејзината убавина која секогаш ја истакнува со шминка. Во повеќето случаи, Џеј Ло става акцент на очите, додека нејзиното лице е нежно контурирано.

Шминката на Џенифер Лопез најчесто се прави во сјајни бронзени нијанси. Во зависност од интензитетот, ваквата шминка е совршена и за дневни и за вечерни изгледи, правејќи го лицето помеко и попривлечно.

За сите дами кои не се сигурни во какви нијанси можат да ги истакнат костенливите очи, па со шминка да изгледаат помладо, ви предлагаме да погледнете како тоа го прави Џенифер.

  1. Нагласени очи

Иконата на црвениот тепих непогрешливо ја бира шминката, како и силни „smokey eyes“ и руменило кои даваат ефект на фејслифтинг.

  1. Интересна техника на очите

„Cut crease“ техниката збогатена со нагласени линии и бои е нешто што ја тера и Џеј Ло да излезе од пријатна зона и удобност.

  1. Бронзен изглед

Она што ја прави препознатлива Џенифер Лопез секако се бронзените тонови, а усните во голи нијанси одлично го комплетираат целиот изглед.

  1. Молив за очи

Добро познатиот молив кој најдобро ја нагласува и оцртува формата на окото е секако ајлајнерот кој Џеј Ло го обожава дури и во внатрешниот дел на окото.

  1. Црни очи

Супер драматичен изглед на очите обично секогаш е придружен со гола нијанса на кармин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma