Семејството Бекам преживува вистинска драма откако Шерон Бел ги обвини Викторија и Дејвид дека ги украле јајце клетките кои ја зачнале нивната ќерка Харпер Севен.
Бекам поднел обвинение против Бел затоа што ги малтретирала испраќајќи им писма, тропајќи им на вратите и чекајќи ја Харпер Севен пред училиштето после училиште да разговара со неа.
Би-би-си јавува дека Дејвид Бекам се чувствува вознемирен и стравува за безбедноста на своето семејство, особено поради фактот што таа дошла на нивна адреса и се обидела да влезе во куќата со „лажно верување“ дека е сопруга на Бекам.
На рочиштето Бел рече дека не се чувствува виновна, а судењето ќе се одржи во јули оваа година.
„Бел живее во лажно верување дека е во врска со Дејвид Бекам, дека тој и ги украл јајцата и дека Харпер Бекам е нејзиното законско дете и затоа таа ја пречека Харпер Бекам пред училиштето на 18 ноември 2021 година. “, рече обвинителот.
„Дејвид Бекам стравува за безбедноста на своето семејство и смета дека нејзиното однесување имало за цел да го заплаши неговото семејство. Тој тврди дека не ја познава обвинетата и дека таа не е мајка на неговото дете“ – додаде таа.
Судијата рече дека тоа е „бизарно тврдење дека јајцата на г-ѓа Бел биле украдени и дека детето е нејзино дете“.
„Човек не мора да биде експерт по биологија за да може веднаш да утврди дека се работи за грешка“ – заклучи судијата.