„SUNBURNT BLUSH“ Е НАЈНОВИОТ БЈУТИ ТРЕНД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Како да изгледате како да сте поминале цел ден на плажа?

popara22 мај, 20221min00
Dua-Lipa-0683293961 (1)

Без заштитен фактор, не излегуваме ниту во зима, но сепак, не можеме да негираме дека има нешто привлечно во изгледот на зацрвенетата кожа што изгледа како да сме дремеле на плажа. Нема да ви сугерираме дека треба да го правите ова, бидејќи сонцето е една од главните причини за предвремено стареење на кожата, но постигнувањето таков изглед со помош на шминка е еден од најпопуларните трендови на социјалните мрежи.

Откако одморите кои вклучуваат лежење на плажа, а со тоа и потемнувањето станаа статусни симболи, руменилата и бронзерите станаа незаменлив дел од тоалетните кеси и секојдневната рутина за шминкање.

Меѓу поборниците и пионерите на овој изглед се Хејли Бибер и Ајрис Ло, кои премиерно го претставија во 2019 година, а неговата популарност, особено во летните месеци, не опаѓа. Го обожаваат ТикТокерките, но и шминкерите, па дури и глумици на гламурозни настани, како Бела Хадид и Дуа Липа. Трикот е едноставен: наместо вообичаеното нанесување на руменило на јаболчниците, се повеќе љубители на убавината го ставаат руменилото пониско на образите, обидувајќи се да постигнат помек и поприроден изглед.

@zoekimkenealy

Sunkissed blush. I legit am obsessed with the way this came out gotta have a heavy hand😫 #sunkissedmakeup #nomakeupmakeup #naturalblush

♬ Sazed – STRFKR

„Овој тренд е толку популарен затоа што луѓето се оддалечуваат од прекумерната шминка и сакаат да постигнат поприроден и свеж изглед“, изјави шминкерот Кортни Харт за Glamour и предложи: „Нанесете руменило на горниот дел од образите, а потоа поминете преку носот за младешки, разигран изглед.’

Како да ја изберете вистинската нијанса на руменило? Најдобро ќе изгледа ако е слична на вашата природна боја кога се заруменува, а кога станува збор за текстурата, крем-руменила кои ќе се спојат со кожата и ќе го остават посакуваниот ефект на „dewyness“ и изглед на здраво руменило, како да сте биле цел ден на плажа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma