Положбата на џебовите, должината на патентот… Кога купувате фармерки, внимавајте на ОВИЕ ПЕТ РАБОТИ

popara22 мај, 20221min00
18397309006288fc405fdea845859415_640

Пронаоѓањето на совршениот пар фармерки може да биде тешко, па дури и кога ја знаете точната големина, сепак може да биде невозможно да најдете нешто што ви одговара токму онака како што сте замислиле.

Еден стилист затоа откри дека има пет работи што треба да ги имате на ум кога купувате нови фармерки, пишува „The Sun“.

Должина на патент

Квалитетните фармерки ќе имаат многу мал простор помеѓу патентот и пределот помеѓу ногавиците, а стилистката вели дека фармерките со голема празнина не треба да се купуваат бидејќи тоа е знак дека се евтино направени.

Облик на буквата „V“ на задникот

Тоа е линија на задната страна на фармерките над џебовите, а под делот за ременот, што на фармерките им дава заоблен облик. Задникот ќе ви изгледа подобро ако изберете фармерки со подлабок „V“ облик. Исто така, потрудете се да избегнувате фармерки со права линија, бидејќи така задникот ќе ви изгледа порамно.

Големината на џебовите и нивната положба

Стилистката предупредува дека џебовите кои се поставени далеку еден од друг ќе направат вашиот задник да изгледа поширок. Ако сакате да го избегнете тоа, одлучете се за фармерки со џебови поставени погоре и избегнувајте премногу широки фармерки. Побарајте такви чии што џебови се оддалечени 3 или 4 прсти. Поголемо внимание на задникот привлекуваат и извезените детали на џебовите.

Вистинска ткаенина

Важно е да се избере вистинската ткаенина и избегнувајте премногу растегливи фармерки бидејќи тие обично се евтини и брзо ќе пропаднат. Вистинските фармерки се многу поиздржливи и потесни, така што ќе траат подолго од фармерките кои се растегнуваат. Исто така, стилистката советува да се внимава на бојата, бидејќи, на пример, белите фармерки повеќе ќе ги нагласат бутовите и задникот, правејќи ги визуелно пошироки и поголеми.

Шевот на фармерките

Секогаш треба да го проверувате задниот шев на фармерките. Позакривениот шев ќе го направи задникот поиздигнат и заоблен, додека порамниот шев ќе направи задникот да изгледа рамно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag