Малиот црн фустан е парче облека кое никогаш не излегло од мода. Во комбинација со детали, како чанти и чевли во посилни бои, ќе остави сосема поинаков впечаток.
Секогаш е одлично решение кога не знаете што да облечете за некоја прослава или забава. Со мал црн фустан нема моден неуспех, а дава многу можности секогаш да изгледате поинаку.
1. Освежено со свилен шал
Ако сакате малиот црн фустан да не изгледа класичен, освежете го со шарена свилена марама и ќе изгледате како да носите нешто што досега не сте го носеле.
2. Во комбинација со црвени детали
Ако комбинирате црвени чевли и црвена мала чанта со црн фустан што сте го носеле досега, ќе изгледате елегантно и префинето.
3. Со кралско сино
Црн, едноставен, мини фустан, „А“ крој, кој ќе го освежите со чанта во кралско сина нијанса, заедно со сребрен накит, може да биде и одлична дневна комбинација на облека.
4. Чевли кои ја „кршат“ монотонијата
Доколку сакате да го „скршите“ црното само со еден додаток и да го освежите веќе облечениот фустан за да изгледа сосема поинаку, одлучете се за чевли во некоја од силните бои, како жолтата.