Кога ќе сакате вкусна храна, која многу лесно се прави, се надеваме дека ќе се сетите на овој рецепт.
Нешто што можете да го направите за ручек, како и за вкусна ужина или вечера, дефинитивно се овие крокети.
Состојки:
Чаша и половина обично пире од компири
поголемо јајце
50 гр сланина
¾ чаша брашно
малку пармезан
малку свеж босилек
две јајца
брашно, презла
сончогледово масло
сол, бибер
Подготовка:
Во сад се става пирето, се додава јајцето, сечканата сланина, брашното, пармезанот, босилекот, солта и биберот и сето тоа убаво се соединува. Од добиената смеса формирајте крокети и валкајте ги прво во брашно, па во јајца и на крај во презла. Пржете на врело масло до златно кафеава боја од сите страни.