За избегнете кршење на срцето и сѐ што доаѓа со него, навреме обрнете внимание што се случува во вашата врска. Има јасни знаци дека доаѓа до заладување на врската и одљубување
Периодот на заљубување е еден од најубавите низ кои сите поминуваме во животот. Ентузијазмот за партнер и иднината од бајките пред вас влијае на целиот организам. Повеќе се смееме, имаме повеќе енергија за секојдневните обврски бидејќи љубовта е најголемиот двигател во сѐ што правиме. Сепак, ова чувство не трае вечно кај сите. Колку и да ни е тешко да признаеме пред сѐ за нас самите, а потоа и на партнерот, има јасни показатели кога е во прашање згаснувањето на љубовта. За да не избегнете кршење на срцето и сѐ што доаѓа со него, навреме внимавајте што се случува во вашата врска. Има јасни знаци дека доаѓа до заладување на врската и одљубување од партнерот.
- Недостаток на комуникација
- Зголемено чувство на рамнодушност
- Интимноста исчезнува
- Немате желба да поминувате време заедно
- Копнежот го нема
- Ги споделувате вашите емоции со други луѓе
- Се расправате секој ден
- Ве привлекуваат и други
- Нема повеќе доверба меѓу вас
- Сфаќате дека сакате повеќе за себе
- Едноставно знаете дека е готово