Состојки:
кој било сладолед (потребни се 6 топчиња)
5 лажици брашно
8 лажици презла
3 јајца
масло
малку шеќер
екстракт од ванила
Подготовка:
Најпрво треба да ги изберете калапите во кои ќе ги ставите топчињата за сладолед кои можете да ги ставите во замрзнувач еден час да се замрзнат пред печење.
После тоа, извадете ги од замрзнувачот и валкајте ги прво во брашно, па во јајца во кои претходно сте ставиле малку шеќер и екстракт од ванила, а потоа во презла. Повторете ја истата постапка, односно повторно ставете ја топката во јајцата, па во презлата.
Потоа повторно ставете ги топчињата во калапите да стојат во замрзнувач барем уште еден час.
Потоа пржете ги само на масло додека не поруменат. Пријатно!