Ширете позитивна енергија и бидете секогаш забележани: Светлите и впечатливи нијанси се хит ова лето (ФОТО)

popara24 мај, 20221min00
shutterstock_1659934846

За секого по нешто

Се чини дека оваа година е поважно од кога било да бидете забележани и да ширите добро расположение со својот изглед.

На тоа укажува и фактот што главните пролетни и летни трендови се полни со светли и впечатливи бои.

  1. Сина

Од светло сина до кралска сина – сината се враќа на полиците на познатите брендови. Сината е особено интересна и привлечна поради нејзината разновидност. Во облека од сини нијанси можете да изгледате спортски и опуштено, но и свечено, префинето и „скапо“.

  1. Виолетова

Прво беше прогласена за боја на годината од компанијата „Pantone“, а потоа буквално ги окупираше профилите на инфлуенсерите на Инстаграм, па дури и градските улици. Во виолетова секогаш ќе изгледате елегантно и префинето, но и опуштено.

  1. Зелена

Иако со години е на модниот трон, зелената боја не престанува да импресионира. Како секоја година да се појавува нова нијанса што го окупира вниманието. Ќе изгледате енергично и подмладено во зелената гардероба.

  1. Розева

Влијанието на Барби и романтичните комедии од раните 2000-ти, изгледа ги запечати розовите нијанси како вечно модерни и женствени. Секој пат кога ќе и се врати во мода, изгледа дека никогаш не излегла, а се чини дека е особено ги инспирира креаторите, бидејќи сите модни хитови во оваа боја изгледаат фантастично, впечатливо и различно.

  1. Бело злато

Софистицирано, скапо и модерно. Ова се трите главни карактеристики кои ќе ве опишуваат доколку се облекувате во боја на бело злато. Софистицираноста што оваа светла боја ја носи со себе, нема конкуренција. Оваа сезона особено е модерно да се комбинира со златни детали.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma