Овен
Се трудите да се претставите посериозно и зрело отколку што навистина сте. Не ги нагласувајте туѓите ставови затоа што тие не потекнуваат од вас, па нема да можете да ги докажете. Држете се до вашето мислење бидејќи секогаш можете да го браните, дури и кога грешите.
Бик
Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете вашиот песимизам кој е една од вашите особини која често делува против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете и свесни дека е нереално секогаш да сте во право.
Близнаци
Време е за реорганизација. Чистењето и дома и на работа ќе создаде средина за реализација на многу деловни проекти. Но, ако за момент се отсечете од сите професионални активности, ќе сфатите дека не сте центарот на светот.
Рак
Поволен ден да му пренесете на семејството се што ви лежи на душа. Имате шанса да имате конструктивен разговор од кој ќе дознаете детали за кои не сте сонувале. Ова се работи кои беа толку очигледни, но сеуште не сте ги сфатиле.
Лав
Ви се допаѓа блискоста на личност која ве инспирира на посебен начин. Вистинско време е да преземете конкретни чекори и да го претворите факултативното запознавање во нешто подлабоко. Ако ги реализирате своите идеи, тоа може да значи почеток на убава љубовна врска.
Девица
Неповолни деловни вести доаѓаат од пријател или долгогодишен соработник кој е во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е толку црно како што изгледаше на прв поглед. Очекувајте пријатно изненадување во љубовта.
Вага
Планирајте го вашиот ден внимателно и ќе имате можност да изградите нова деловна стратегија која ќе ви донесе долгорочни резултати на кои ќе бидете многу горди. Фокусирајте се на работата, а љубовта и семејните односи оставете ги настрана.
Шкорпија
Доколку се најдете во ситуација да купите нешто големо или да потпишете некои многу важни хартии од вредност, бидете внимателни бидејќи не е добар момент. Може да направите грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.
Стрелец
Додека се справувате со неважни проблеми, ви бегаат големи работи. Фокусирани сте на заплетките во работното опкружување, па не ја гледате поголемата слика. Тоа што се случува денес е неважно во однос на она што следува. Заштедете сила за наредните денови.
Јарец
Иако многу добро знаете што сакате, а имате и разработени планови, не е добро време за големи потфати. Одложете ги сите видови инвестиции како и деловните одлуки, склони сте на грешки. Зајакнете го вашиот имунитет бидејќи сте изложени на ризик од вирусна инфекција.
Водолија
Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Далеку сте со мислите бидејќи однапред планирате активности чија реализација е сеуште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со сонување.
Риба
Доколку имате можност да потпишете некои документи, бидете внимателни бидејќи може да ви биде украдена грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашето променливо расположение може да го збуни партнерот и да го натера да помисли дека повеќе не го сакате.