Меј Маск (74), мајката на милијардерот Илон Маск, е веројатно најстарата инфлуенсерка во светот која на една од насловните страници на „Sports Illustrated“ се појави во костим за капење.
Имено, таа позираше во костим за капење за познатиот магазин, гордо истакнувајќи ги своите години, на што многумина не можеа да поверуваат.
Можеби не би било чудно ако Меј Маск немаше 74 години и да се решеше на потег за кој би се одлучиле само неколку жени на нејзина возраст.
Меј позираше во едноделен костим за капење со потписот на Мигел Коронел, додека носеше обетки во форма на златни дланки и откри дека нема намера наскоро да ја напушти манекенската кариера.
Без разлика што одамна влезе во осмата деценија од животот, Меј изгледа подобро од некои млади жени.
– Многу сум возбудена што и постарите жени можат да носат костими за капење и да изгледаат одлично. „Мислам дека навистина ќе се промени како се чувствуваат жените кога ќе излезат во костими за капење“, рече таа.
Покрај 50-годишниот Илон Маск, Меј е мајка на 49-годишната Кимбал и 47-годишната Тоска. Започнала да се занимава со манекенство како 15-годишна во родната Јужна Африка, но нејзината кариера цветала дури во 2010 година кога позирала гола за насловната страница на магазинот Тајм.