Кога ќе влезете во кујната и ќе почнете да подготвувате оброци, повеќето од вашите активности се автоматски.
А една од нив е кршењето јајца.
Па, што има тукада се зборува, велите вие, но готвачите велат дека повеќето луѓе прават една голема грешка за време на овој едноставен процес.
Имено, ако го скршите јајцето на работ од садот во кој потоа ги истурате, или со вилушка (на пример), во јајцето ќе останат помали или поголеми парчиња од лушпата.
А решението е едноставно: скршете го јајцето со еден одмерен удар на работната плоча или на некоја друга рамна површина во кујната. На тој начин тенката мембрана помеѓу лушпата и внатрешноста на јајцето нема да се скрши.
Исто така, како план Б, можете да користите варијанта во која ќе ги скршите јајцата едно од друго.