Актерот ги нарече масовните пукања „епидемија што можеме да ја контролираме“
Актерот Метју Меконахи излезе со соопштение како одговор на веста за масовното пукање во основното училиште во Увалде.
Актерот сподели изјава на своите социјални мрежи и им даде поддршка на сите погодени од оваа трагедија.
„Како што сите знаете, денеска имаше уште едно масовно пукање, овој пат во мојот роден град Увалде, Тексас“, започна Меконахи, додавајќи:
– Уште еднаш трагично докажавме дека не сме одговорни за правата кои ни даваат слобода. Вистинскиот повик за акција сега е секој Американец да се погледне во огледало и да се запраша: „Што е тоа што навистина го цениме? Како да се реши проблемот? Какви мали жртви можеме да направиме поединечно денес, за утре да зачуваме поздрава и побезбедна нација, држава и животна средина? Не можеме уште еднаш да издишиме, да се оправдаме и да ги прифатиме овие трагични работи како статус кво“.
Иако изјавата на Меконахи не се приклучи на новиот бран повици за построги закони за контрола на оружјето во Соединетите држави, актерот ги нарече масовните пукања „епидемија што можеме да ја контролираме“, пишува „Variety“.
– Сите знаеме дека може подобро. Мора да се преземат некои активности за ниту еден родител да не го доживее она што го проживејаа родителите во Увалде и други пред нив – заклучи актерот.
Да се потсетиме, во масакрот загинаа најмалку 19 ученици и двајца возрасни, додека неколку други се згрижени во локалните болници поради повредите здобиени за време на инцидентот.