Ако сакате јагоди, тогаш ќе го обожавате ова тирамису со јагоди
Состојки:
400 гр пишкоти
500 гр маскарпоне сирење
120 гр шеќер во прав
четири жолчки
200 мл слатка павлака
400 гр јагоди
2 дл млеко
100 гр какао во прав
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и со миксер изматете ги жолчките, додавајте шеќер во прав додека не добиете благо жолта кремаста маса.
Додадете го маскарпонето и мешајте додека смесата не се соедини. Секоја пишкота потопете ја кратко во мешавина од млеко и десетина изблендирани јагоди.
Наредете ги натопените пишкоти во садот во кој ќе го подготвите тирамисуто.
Над првиот слој бисквити премачкајте го филот со сирењето, повторно ставете ред бисквити и така додека не останете без материјал, но на последниот слој од филот додадете ги сечканите јагоди.
Изматете ја павлаката и премачкајте ја преку последниот слој. Тирамисуто украсете го со какао во прав и оставете го во фрижидер два часа да се излади.