„Џони никогаш не ме турнал“: ПРЕСВРТ на судењето, се појави Кејт Мос и остро ги ДЕМАНТИРАШЕ наводите на Амбер Херд

popara26 мај, 20221min00
dzoni-dep-amber-herd-kejt-mos

Судењето започна околу 14 часот по европско време

Деп и неговата поранешна сопруга Амбер се тужат со недели, судењето го следи целиот свет, а сега како сведок дојде поранешната девојка на Деп.

Судењето започна околу 14 часот по европско време, а манекенката Кејт Мос беше прва од денешните сведоци.

Имено, до повикот за сведочење дојде поради изјавата на Амбер Херд во која спомена дека Деп ја турнал познатата британска манекенка по скали.

Секако, тука беше и прашањето за наводите дека Деп ја турнал по скалите, што таа го демантираше.

-Јас и Џони излегувавме од хотелската соба и се лизнав по скалите, врескав бидејќи не знаев што се случува со мене, почувствував болка, тој притрча кон мене и повика помош. Џони никогаш не ме турнал, не ме удирал или нешто слично. Потврдувам дека никогаш не ме турна по скалите – изјави Кејт на прашањето за наводниот инцидент.

Сведочењето на манекенката траеше многу кратко, бидејќи требаше да се одговори само на наводите на Амбер Херд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma