ЕФТИНО Е, можете сами да го направите: Домашно МАСЛО ЗА САМОПОТЕМНУВАЊЕ дава златна боја која ќе остане цело лето

popara27 мај, 20221min00
173069_profimedia0318432731_ff

Кога станува збор за потемнување на кожата, сите лекари се согласуваат дека солариумите и хемиските третмани се лош избор. Меѓутоа, што да правите ако цел ден го поминувате на работа и немате време да се сончате пред одморите.

Ако сте една од жените на кои им е непријатно да се соблече бидејќи е бела на плажа, ова масло може да ви помогне да добиете прекрасен тен.

Тајната е во природните состојки, кои не само што нема да ѝ наштетат на вашата кожа, туку и ќе ја нахранат и ќе ја направат мека и кадифена.

Подготовката на овој природен препарат е многу едноставна, а еве што ви треба.

Состојки:

3 dl маслиново масло
2 моркови
6-7 млади ореви

sunčanje, izgorela koža, Leto, Plaža

Подготовка:

Во стаклена тегла изрендајте го морковот, исечкајте ги оревите и прелијте со маслиновото масло. Добро затворете и оставете да отстои на сонце најмалку 4 недели, по можност 40 дена.

Кога го подготвувате, треба одвреме-навреме да го мешате. По 40 дена се цеди и се истура добиеното масло во шише со распрскувач.

Сепак, она што треба да го имате на ум е дека овој производ не штити од сончевите зраци, односно нема заштитен фактор, па затоа не се препорачува употреба без крема за сончање. Најдобро е прво да се нанесе кремот, па после половина час маслото.

По неколку дена ќе забележите дека вашата кожа е потемна, но и помека и похранета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma