Не ви требаат ни готови кори за пица.
СОСТОЈКИ
- 1 тортиља
- 1 лажица излупени домати
- 1 лажица кечап
- 50гр сирење
- 20гр шунка или салама
- сол, бибер, оригано
ПОСТАПКА
- Вклучете ја рерната на 220 степени.
- Тортиљата се става на плех со хартија за печење
- Излупениот домат и кечап се мачкаат рамномерно, се посолува, се додава бибер, се додава рендано сирење, па салама или шунка и обилно се посипува со оригано. Сѐ до 1/2 см од работ.
- Се пече 5 минути, штом видите дека сирењето се крчка и се стопи, а тортилјата малку е поруменета – извадете да не изгори тортилјата.