Не можете да замислите што би можело да го подобри вашиот љубовен живот, покажуваат научните истражувања!
Можеби мислите дека научниците ќе нѐ запознаат со некоја оригинална техника или дури и иновативен начин на размислување што ќе го подигне нашиот љубовен живот на повисоко ниво, но се чини дека она што тие имаат да ни го понудат изгледа прилично вообичаено и воопшто не изненадува.
Сепак,сè уште е ефикасно, според експертите и врз основа на нивните набљудувања. Според истражувачите од Универзитетот во Џорџија, ако мажот е повеќе вклучен во грижата за децата и домаќинството во целина, тогаш резултатот ќе се види во сексуалниот живот на парот!
Истражувачите откриле дека кога мажите преземаат повеќе родителски обврски, ефективно споделувајќи ја задачата да се грижат со партнерот – тогаш парот добива поголемо задоволство од нивната врска, што исто така влијае на квалитетот на нивниот сексуален живот.
Но, кога жената има единствена одговорност да се грижи за децата, тогаш ниту еден од партнерите не е среќен и двајцата пријавуваат поголемо незадоволство од квалитетот на нивната врска, како и од сексуалниот живот.