Може да предизвика ТРАЈНИ ПРОБЛЕМИ на бубрезите и срцето? Ако имате висок ШЕЌЕР овој леб НИКАКО не смеете да го јадете!

popara27 мај, 20221min00
334374_hleb-shutterstock-1918860845_ff

Треба постојано да се грижиме за храната што ја внесуваме во организмот, односно која ја јадеме. Одредени намирници имаат големо количество на јаглехидрати кои му се неопходни на нашиот организам, но во некои случаи нивната концентрација во некои намирници може лошо да влијае на вашето тело, особено кога треба да го контролирате високиот шеќер во крвта.

Лебот може да се најде во различни форми, но и во различни состави. Некои се подобри и поздрави од другите, а судејќи според зборовите на д-р Лиза Јанг, најлошата работа за шеќерот во крвта е лебот направен од рафинирани житарки без додадени влакна.

– Луѓето со висок шеќер во крвта треба да јадат леб богат со растителни влакна, со најмалку три грама влакна по парче – рекол докторот.

Неопходно е да внимаваме што внесуваме во организмот, бидејќи прекумерното внесување на дополнителни шеќери може да предизвика хипергликемија, која може трајно да го оштети вашето здравје доколку не се лекува навреме или да создаде проблем со срцето и бубрезите.

Hleb

Постојат два вида јаглехидрати, едноставни и сложени. Едноставните се состојат од шеќери како фруктоза и гликоза, кои имаат едноставна хемиска структура која се состои од само еден шеќер или два шеќери.

Сложените имаат сложена хемиска структура со три или повеќе шеќери поврзани заедно. Тоа значи дека тие имаат помалку директно влијание на шеќерот во крвта, што предизвикува негово постепено покачување, пишува Курир.

Според Харвард, храната како белиот леб брзо се вари и предизвикува значителни флуктуации на шеќерот во крвта. Што може да доведе до зголемен ризик од дијабетес тип 2, срцеви заболувања и прекумерна тежина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag