Крај на една ера! Елен Деџенерс во солзи и емотивен говор се прости од публиката

popara27 мај, 20221min00
elen-830x0

– Пред 20 години кога се обидовме да го продадеме шоуто, никој не веруваше дека ќе успее, не затоа што ова е поинаков вид на шоу, туку затоа што јас сум поинаква – рече Елен.

Елен Деџенерс го заврши своето ток-шоу „The Ellen Show“ по 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди.

На самиот почеток на шоуто, комичарката се прости од гледачите и изнесе непознати детали од почетокот на кариерата, а за време на нејзиниот емотивен говор се расплака.

– Добредојдовте во нашата последна емисија! Дојдов овде пред 19 години и тогаш реков дека ова е почеток на врската, а сега велам дека ова не е крај на врската, повеќе е како мала пауза, сега можете да гледате други емисии, а јас нема да гледам публика некое време. Пред 20 години, кога се обидовме да го продадеме шоуто, никој не веруваше дека ова ќе успее, не затоа што ова е поинаков вид на шоу, туку затоа што јас сум поинаква. И еве, 20 години подоцна, заедно го славиме ова неверојатно патување – рече Елен и продолжи.

-Кога ја почнавме со емисијата не смеев да кажам „геј“, иако често го кажував дома, кога имавме геј појадок или геј тестенини, такви работи. Не можев да кажам геј или ние, затоа што тоа значеше дека сум со некого, сигурно не би можела да кажам сопруга, затоа што тогаш не беше легално да се венчаат геј парови, а сега постојано велам сопруга.

– Пред 25 години ми ја откажаа забавната емисија затоа што не сакаа лезбејка да биде во ударен термин еднаш неделно, па реков: „Ќе бидам преку ден, секој ден, што мислите за тоа ?”. Колку убаво, преубаво патување на кое бевме заедно. Ако оваа емисија ве насмеа, ако ве подигна кога сте биле во период на некаква болка, некаква тага, било што низ што сте поминувале, тогаш јас си ја завршив работата – изјави водителката.

– Благодарение на оваа платформа успеавме да ги промениме животите на луѓето. Ова шоу ми го промени животот засекогаш. Тоа е најголемото искуство што сум го доживеала, надвор од мојата најлуда имагинација – рече Елен и заплака, а потоа заигра „за последен пат“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma