ЗА НЕЖНИ СТАПАЛА! Отстранете ја задебелената кожа со овие трикови!

popara27 мај, 20221min00
445983_stopala-nega_f

Летната сезона само што започна! Како што доаѓа потоплото време, најчесто се одлучуваме за отворени чевли, па затоа треба да ги подготвиме стапалата за претстојниот период.

Прво нешто што треба да направите е да ја отстраните задебелената кожа од петите. Оваа појава е честа поради недостаток на влага во кожата на стапалата, носење неудобни чевли или притисок кој се создава на одреден дел од стапалото. Иако генерално не е болна, естетски, сувата кожа не е особено привлечна, па затоа е препорачливо да се отстрани.

Парафински восок

Многу салони нудат педикир со парафински восок бидејќи длабоко ја хидрира и омекнува кожата. Растопете го восокот на температура од околу 50 степени. Восокот не треба да биде топол за да не се изгорите. Потопете ја ногата во топол парафин неколку пати, правејќи пауза помеѓу слоевите за да се исушат. Кога восокот ќе се исуши, отстранете го. Мртвите клетки од кожата треба да се отстранат заедно со восокот, а кожата да остане мазна и мека.

Забелешка: Не користете парафински восок ако имате слаба циркулација, осип или отворена рана на стапалото и ако поради дијабетична невропатија не го чувствувате тој дел од телото.

Пилинг од овесна каша

Пилингот од овесна каша може да го отстрани задебелувањето на стапалата. Ќе ви треба еднаква количина овесна каша и розова вода или млеко. Измешајте ги состојките додека не добиете паста. Смесата втријте ја со четка за заби и оставете ја да делува 20 до 30 минути. Исплакнете со млака вода и нанесете. За најдобри резултати, можете да го правите овој пилинг секој ден.

Бања со горчлива сол

Горчливата сол е кристална формација на магнезиум сулфат што помага да се отстранат мртвите клетки од кожата. Истурете половина чаша од оваа сол во леген со топла вода и натопете ги нозете. Оставете да делува 20 минути. Можете да користите четка за заби или камен за пети за да го отстраните задебелувањето. Исплакнете со топла вода и нанесете ја кремата.

Бања со оцет

Освен што ги омекнува стапалата, оцетот има и антигабично дејство. Истурете шолја јаболков оцет во садот и натопете ги стапалата. Оставете да делува пет до десет минути, а потоа исплакнете и нанесете крем или масло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma