Ако веќе не сте, не заборавајте да ја набавите
Секоја жена со стил оваа сезона мора да има барем една плетена чанта, велат модните експерти.
Без овој додаток, создавањето импресивни стајлинзи е речиси незамисливо. Овој модел беше актуелен пред неколку години, а сега се враќа на модната сцена.
Покрај чантите, во тренд ќе бидат и плетените ранци, како и клач чантите. На вас останува само да изберете што ви се допаѓа најмногу.
Добро е да ја имате оваа чанта од неколку причини – пред се, одлично оди со се во гардероберот. Може да се носи со секој стил. Без разлика дали сакате моторџиски или женствен стил, оваа чанта е совршен избор.
Од друга страна, може да се носи на работа, во град, но и на плажа. Дефинитивно вреди да се инвестира во ова парче.