Помага при СЛАБЕЕЊЕ, полна е со протеини и витамин Ц: Зеленчук кој мора да се најде на вашата трпеза СЕКОЈ ДЕН

popara28 мај, 20221min00
318862_shutterstock-249162988_ff

Ако зелената салата не ја третирате како прилог кој секогаш треба да биде на вашата трпеза, се лажете. Време е да ја промените оваа навика и секој ден да го имате овој вкусен зеленчук на трпезата бидејќи е многу здрав, затоа збогатете го вашето мени.

Има малку калории и масти. Една помала чинија зелена салата содржи само 12 калории.

Помага при слабеење. Марулата содржи многу растителни влакна. Освен што ќе ве засити, зелената салата ќе го подобри и варењето. Исто така, влакната помагаат да се исфрли солта од телото.

За поздраво срце. Витаминот Ц и бета-каротенот од зелената салата заедно ја спречуваат оксидацијата на холестеролот.

Sreća, Nasmejana devojka, lepota, Priroda, Prirodna lepota, Sunce, Leto, Zdravlje

Содржи омега-3 масни киселини. Марулата им дава совршен сооднос на омега-3 и омега-6 масни киселини.

Богата со протеини. Дури 20 проценти од калориите од зелената салата доаѓаат од протеини.

Обезбедува мирен сон. Марулата ја содржи супстанцијата лактукариум, која има својства слични на опиумот, но без штетни нуспојави, пишува Курир.

Го одржува оптималното ниво на киселост на организмот. Минералите во зелената салата помагаат да се отстранат токсините од телото и да се одржи оптималната киселост. Ова е важно бидејќи доброто ниво на киселост му дава на телото енергија, обезбедува мирен сон и благотворно делува на кожата.

ručak, domaćica, ishrana, zdrava hrana, povrće, zelena salata, rotkvice

Низок гликемиски индекс. Храната која има ниско гликемиско ниво, како зелената салата, особено се препорачува за луѓе кои се грижат за нивото на шеќер во крвта или сакаат да изгубат тежина.

Има одличен вкус. И покрај тоа што нема многу калории, зелената салата во комбинација со разни преливи има феноменален вкус. Затоа, можете да уживате во сочна салата и да му обезбедите на вашето тело корисни здрави состојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma