Стилот на cat eye стана се попопуларен стил на шминкање во последните неколку години. Под влијание на најпознатата светска трендсетерка Ким Кардашијан, речиси и да не постои жена која не би сакала малку коси очи.
Среќни сме што се потпираме на шминка за ефектот на мачкин изглед, а еден од најголемите експерти во светот на шминката, Марио Дедивановиќ – шминкерот на Ким Кардашијан, откри трик што секоја дама може да го примени.
Правилото дека големите уметници користат едноставни правила е точно и овој пат, а се што ви треба се вештачки трепки.
Клучот за целиот изглед на cat eye лежи во различното поставување на вештачки трепки чиешто крило нема да лежи на вашата природна линија на трепките веднаш погоре. За да го направите ова прецизно, треба да ги следите чекорите на Марио, а познатиот шминкер предлага прво да ги нацртате очите со темен молив: „Го ставам само на внатрешниот дел од очниот капак, потоа ги виткам трепките и нанесувам маскара“.
Потоа залепете ја првата половина од вештачките трепки како и обично (по самиот раб на природните трепки), а потоа залепете го надворешниот дел од вештачките трепки директно на капакот, оставајќи простор помеѓу вашите природни.
@makeupbymario How I lift the eyes with liner & lashes! #makeupbymario #makeuptutorial #eyeliner #eyelift
“Пред да стигнете до надворешниот агол, едноставно подигнете ги вештачките трепки и залепете ги за капакот. Погрижете се да оставите мала празнина помеѓу природните и вештачките. Тоа е она што ќе создаде ефект на кревање”, вели Марио.
Ако лепевте вештачки како досега (блиску до природно), неизбежно би го отежнале окото и би го спуштиле уште повеќе (што е прикажано на видеото).
Конечно, Марио го пополнува празниот простор помеѓу вештачките и природните трепки со црн течен ајлајнер и го прави овој трик помалку видлив, а дава резултат на природно искосени очи.