Актерката Нина Добрев прошета на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во црвен фустан со отворено деколте
Синоќа во рамките на Канскиот фестивал се одржа познатиот настан AmfAR, а ѕвезда на истиот беше актерката Нина Добрев.
Канадската актерка со бугарско потекло се прослави со улогата во серијата „Вампирски дневници“ и покажа дека едноставноста, класиката и истакнувањето на сексапил со мерка се идеални за црвениот тепих.
Нина донесе црвена, асиметрична креација, со отворено деколте. Меѓутоа, моментот кој особено привлекува внимание и дава нота на екстраваганција е десниот ракав, кој всушност е ракавица, додека нејзината лева рака е целосно откриена.
ТУКА погледнете како изгледаше сето тоа