Направете соодветна маска за лице за само пет минути
Некои препарати можат да предизвикаат иритација на кожата, па затоа најдобро е да користите билни. Меѓутоа, ако сакате да направите маска која одговара на вашиот тип на кожа, потребни ви се буквално пет минути.
Состојки:
- Лажица мед
- Лажица мелено морско оревче
- Лажица цимет во прав.
Подготовка:
Соединете ги овие три состојки и мешајте додека не добие чоколадна боја. Нанесете на лицето и оставете да отстои половина час. Потоа исплакнете го лицето.
Напомена: Доколку имате исклучително чувствителна кожа, не се препорачува употреба на маската.