ОСТАВЕТЕ ЧАША ВОДА ДО КРЕВЕТОТ ПРЕД СПИЕЊЕ: Ритуали за пиење вода кои се спас за здравјето

popara28 мај, 20221min00
Screenshot_4

Треба да се пие вода навечер и во текот на ноќта бидејќи спречува проблеми со срцето и мозочен удар. Ова е особено точно за постарите лица

 

Водата е главната состојка на човечкото тело. Околу 60 проценти од телесната тежина на возрасен човек е вода. Добра рамнотежа на вода во телото значи внесување на онолку колку што се губи во текот на денот. Добрата хидратација на телото го намалува заморот, ја подобрува концентрацијата и ја зголемува физичката издржливост.

 

Според советите на експертите, оптималниот дневен внес е 1,5 до 2 литри течност. Меѓутоа, не е важно само да пиеме вода, туку и кога ја пиеме.

 

Постарите луѓе треба да пијат вода пред спиење и навечер, бидејќи срцето подобро ќе се справува со ноќните аритмии. Само чаша вода до креветот и пиење во текот на ноќта, тврдат експертите, ќе направи чудо за вашето здравје.

 

Ги штити срцето и мозокот

Според експертите, водата треба да се користи во секое време од денот, особено пред капење. Можеби звучи чудно, но на овој начин ќе го намалите крвниот притисок. Ова особено се препорачува за луѓе кои страдаат од хипертензија.

 

 

Пиењето чаша вода навечер спречува проблеми со срцето и мозочен удар, особено во староста.

 

Ако пиете вода во текот на ноќта, нема да имате проблеми со грчеви во нозете, што е потврдено од науката. Имено, причина за грчеви во мускулите, особено на нозете во текот на ноќта, е дехидрацијата!

 

2 чаши наутро

Експертите препорачуваат денот да започне со вода. Пиењето 2 чаши вода веднаш по будењето не само што ќе ја надомести изгубената течност за време на спиењето преку пот, туку ќе им помогне и на внатрешните органи да почнат да работат. Важно е да се напомене дека најздраво е наутро да се пие вода на собна температура, никогаш ладна од фрижидер, за да не се напрега телото.

 

За да го подобрите варењето, пијте чаша вода 30 минути пред оброк. Пијте вода после јадење само ако чувствувате жед. Приказната дека водата ја разредува стомачната киселина и ја нарушува апсорпцијата на хранливите материи и нивната обработка во организмот е мит. Напротив, водата помага дигестивниот процес да биде активен!

 

Ја заштитува глеѓта

Доколку вежбате, задолжително пијте доволно вода пред вежбање, но и за време на тренингот за да го хидрирате телото кое губи течност преку потта.

 

Исклучително е важно да пиете чаша вода после пиење кафе. Ова не само што ќе го спречи зголемувањето на крвниот притисок што го предизвикува кофеинот, туку и ќе ја заштитите забната глеѓ. Не треба да заборавиме дека кафето е природен дуертик, па по пиењето на овој пијалок сите ќе одат во тоалет, а оваа загуба на вода треба да се надомести.

 

Ако страдате од дигестивни проблеми и запек, задолжително зголемете ја количината на вода што ја пиете. Ефектот ќе го забележите за неколку дена, а одењето во тоалет повеќе нема да биде непријатна и често болна тортура.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma