СЕГА СЀ Е НА СУДОТ Адвокатите на Џони Деп и Амбер Херд го дадоа последниот збор, а еве што рекоа

popara29 мај, 20221min00
Screenshot_4

Сепак не се согласија

 

Судењето кое го следеше целиот свет доби нов епилог, заврши сведочењето и испитувањето на сведоците во судскиот спор меѓу Џони Деп и Амбер Херд, а сега се чека одлуката на судијата.

 

Адвокатката на Џони Деп истакна дека Амбер Херд мора да одговара за лагите, додека адвокатскиот тим на поранешната сопруга на Деп во завршниот збор истакна дека во текот на шестнеделното судење се покажало дека славниот актер е насилник кој не може да биде доверлив.

 

Деп (58) ја тужеше Херд (35) пред судот во Вирџинија, барајќи отштета од 50 милиони долари поради претходен текст во кој таа тврдеше дека е жртва на семејно насилство.

 

Актерот негираше каква било злоупотреба.

 

Сепак, Херд возврати со тужба и побара контра-отштета од 100 милиони долари.

 

Во своите завршни зборови, Камила Васез, адвокатката на Деп, побара од поротниците да ја сметаат г-ѓа Херд одговорна за нејзините лаги.

 

Од друга страна, адвокатскиот тим на Амбер Херд истакнува дека Деп е тој што е насилник и дека не треба да му се верува.

 

Бенџамин Ротенброн, адвокатот на Амбер, ги потсети поротниците на содржината на пораката меѓу Џони Деп и неговите пријатели, во која актерот напишал дека сака да ја повреди поранешната сопруга.

 

„Тоа е огледало на срцето и умот на омилениот американски пират“, рече тој, алудирајќи на улогата на Деп во „Пиратите од Карибите“.

 

„Ова е вистинското лице на Џони Деп“, вели Ротенбро.

 

Претставникот на Деп ги нарече обвинувањата на Херд за време на судењето „диви, претерани и неубедливи“.

 

„Во оваа судница има само еден насилник, но тоа не е Џони Деп“, додаде Васкез.

 

Таа потсети на видеото во кое Херд признава дека го удрила Деп, нејзиниот тогашен сопруг.

 

Васкез изјави и дека Деп бил тој кој бил под постојани вербални, физички и емоционални напади.

 

– Не станува збор за тоа кој е подобар сопружник, ниту пак за тоа дали мислите дека Херд потенцијално го злоставувала Џони Деп. Ако мислите дека тие се повредуваат еден со друг, тогаш Амбер победува. Дури и само еднаш да била жртва на насилство, победува – истакна адвокатот на Амбер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag