Сезоната на цреши започна, па ви препорачуваме да направите слатко од ова прекрасно овошје
СОСТОЈКИ:
- 2 кг цреши
- 2 кг шеќер
- 2 лимони (по избор)
- половина литар вода
Подготовка:
Измијте ги црешите, па извадете ги семките. Во тенџере се прелива вода, се додава шеќерот и се вари на силен оган додека не зоврие. Додадете ги црешите, а ако сакате да додадете лимон, задолжително добро измијте го, па исечете го на прстени и истовремено со црешите ставете го во тенџерето. Намалете ја температурата и варете уште еден час, додека не почне да се згуснува. За време на готвењето отстранувајте ја белузлавата пена што се појавува на површината. Кога слаткото ќе се свари, тргнете го тенџерето од ринглата, обавезно покријте го со влажна памучна крпа и оставете слаткото да се излади. Додека е уште топло, ставете го во тегли, завиткајте го во крпа или некои ќебиња и оставете го целосно да се излади. Чувајте го на ладно, темно место.