Можете да ги носите секој ден
Можеме да кажеме дека во светот на модата постојат правила кои се вечни, а едно од нив е дека белата боја е идеална за топлите пролетни и летни денови.
За да носите бело на впечатлив начин, секогаш е неопходно да се земе предвид стајлингот како целина, не оставајќи никакви детали на случајноста. Иако белата боја одлично се комбинира со речиси сите други бои, модните експерти истакнуваат дека најубава комбинација е кога сте во бело од глава до пети.
Доколку ви треба малку фантазија и инспирација за пролетни стајлинзи во бело, погледнете ги комбинациите кои ги најдовме за вас.
- Кошула-фустан
- Широки фустани
- Комбинација од утро до вечер