ХОРОСКОП ЗА 30-ТИ МАЈ: На Лавовите им се остварува желбата за ново работно место, а Биковите носат важни одлуки

popara30 мај, 20221min00
23d1c6fbdb172ea4437b0b8903d7eaa78fd5a1d2

Овен

Иако се изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Одложете ги за некое време, бидејќи доколку сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од видното поле се информациите кои се клучни за вашиот проект.

Бик

Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако ќе се скршите и надминете себе си и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода, и на себе и на партнерот.

Близнаци

Собирате храброст да ги пренесете вашите намери на членовите на семејството. Ситуацијата може да биде непријатна, но искреноста ќе се исплати. Не е се така црно како што сега ви изгледа. На крајот ќе добиете поддршка која сега воопшто не ја очекувате.

Рак

Мала пауза многу ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е потпомогнато од вниманието на саканата личност која несебично ве опсипува денес. Уживајте во драгоцената пауза, ќе ви треба многу кондиција за претстојните обврски.

Лав

Постои шанса да ви се оствари желбата за промена на работата. Внимавајте, мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, тогаш влегувате во сосема нов живот, по кој нема враќање на стариот. Размислете дали тоа е токму она што го сакате.

Девица

Доколку ја зрачите својата нервоза и напнатост кон партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на еден член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

Вага

Правите компромис таму каде што не му е местото. Поробени сте на некои верувања кои не се рационални. Доколку денес не го слушате советот на пријател, сето тоа би можеле да го дознаете на непријатен начин. Верувајте во добрата волја на другите луѓе.

Шкорпија

Ќе ви се даде шанса за активности кои можат да ве доведат до идеја да започнете приватен бизнис. Тесните односи со шефовите и лошата атмосфера ќе произведат тим од луѓе со кои можете да планирате независен бизнис.

Стрелец

Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а за наградата очекувате материјална награда. Без разлика на вашите вистински заслуги, бидете подготвени за фактот дека финансиската добивка нема да биде пропорционална со вложениот труд.

Јарец

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживање со саканата личност и егзотично патување. По дух сте далеку од местото на живеење, па пожелно би било на крајот од денот да се симнете од облаците, во спротивно ќе имате болно враќање во реалноста.

Водолија

Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги претставите вашите досега погрешно разбрани идеи и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено бидете внимателни во сообраќајот.

Риба

Се обидувате да започнете одново. Вие сте личност создадена за нови проекти, но овој ден не е поволен за тоа. Одложете ги важните одлуки, особено ако сте во искушение да престанете да соработувате со луѓе за кои до денес сте имале одлично мислење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma