Скокна интересот за ПАРФЕМОТ кој го рекламира Џони Деп: Се продава на секои ТРИ СЕКУНДИ, а еве колку чини

popara30 мај, 20221min00
Screenshot_4-18

Иако филмската кариера на Џони Деп несомнено страдаше во последните неколку години поради обвинувањата на Амбер Херд, не сите се откажаа од соработката со славниот актер. Деп сè уште е заштитно лице на Dior Sauvage.

Еден корисник на Твитер пријавил дека шишенце од тој парфем, кое чини повеќе од 160 долари, се продава на секои три секунди.

Џони Деп со познатиот бренд соработува од 2015 година. Компанијата соопшти дека го избрала за заштитно лице на првиот нов мирис што го објавија по 10 години поради неговата „уникатна и автентична харизма, тетовирани раце и рокерски нараквици“.

Во коментарите на последната реклама, која Деп ја сними за Sauvage во 2021 година, луѓето го поддржаа фактот дека Диор, за разлика од Дизни, не се откажале од соработката со Деп.

„Ова е веројатно најпаметниот потег на Диор во последните 10 години, Диор е една од ретките компании кои продолжија да соработуваат со него. Јас го купувам Sauvage само поради тоа“, „Го купив овој парфем за прв пат, само поради Џони. Благодарност до Диор што продолжи да работи со него“, се само дел од коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma