Домашен пилинг за убави и негувани усни: Потребни ви се само 3 состојки

popara30 мај, 20221min00
shutterstock471119357-830x0

Убавите и негувани усни на жената се императив на денешницата. Сепак, многу дами забораваат на усните кога се грижат за својата кожа, но и тие, исто како и нивното лице, имаат потреба од посебна нега.

Постојат многу причини за редовно практикување на пилинг за усни. Мукозната мембрана на усните е како кожата на лицето. На неа се акумулираат изумрени клетки, прашина, бактерии, микроорганизми …

Факт е дека тие се валкаат, бидејќи редовно доаѓаат во контакт со храна и пијалок. Постојано се „на удар“, а некако забораваме на нивната грижа и колку ни се драгоцени.

Затоа, предлагаме да резервирате посебно место во вашата рутина за природните пилинг, кои ќе помогнат вашите усни да бидат нежни, убави и негувани.

Состојки за пилинг:

– 1/4 лажица кафеав шеќер
– 1/4 лажица мед
– 1/4 лажица кокосово масло

Добро измешајте ги состојките, а потоа нанесете на чисти усни. Оставете го пилингот да делува пет минути, а потоа почнете да масирате и да го триете пилингот со кружни движења. Не бидете груби, за да не ја иритирате кожата.

Устата, а потоа исплакнете со млака вода. Се препорачува да правите пилинг на усните еднаш неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma